Халал маркичката - виза за извоз на пазар од 650 милијарди долари

Bez autora
Oct 16 2012

Само седум македонски компании произведуваат според халал стандардите и тие се главно од прехранбената индустрија. Бројот е ист како и лани, иако во државата во рамките на Стопанската комора на Македонија постои тело за сертифицирање на производите и услугите кои имаат обврска да ги користат муслиманите, а ги прифаќа се поголем дел од светската популација. Храната, козметиката, лековите, туристичките, банкарските и другите услуги со маркичката халал" се светски тренд, а оние кои ја немаат, се спречени да извезуваат на огромен пазар. Една петина од светското производство на храна ги задоволува барањата на халал стандардите, а халал пазарот распространет на целата планета тежи 650 милијарди долари и има тенденција за раст од 25% до 50%.

Халал маркичката - виза за извоз на пазар од 650 милијарди долариСамо седум македонски компании произведуваат според халал стандардите и тие се главно од прехранбената индустрија.

Бројот е ист како и лани, иако во државата во рамките на Стопанската комора на Македонија постои тело за сертифицирање на производите и услугите кои имаат обврска да ги користат муслиманите, а ги прифаќа се поголем дел од светската популација.

Храната, козметиката, лековите, туристичките, банкарските и другите услуги со маркичката халал" се светски тренд, а оние кои ја немаат, се спречени да извезуваат на огромен пазар. Една петина од светското производство на храна ги задоволува барањата на халал стандардите, а халал пазарот распространет на целата планета тежи 650 милијарди долари и има тенденција за раст од 25% до 50%.

Халал храната ја конзумираат 1,8 милијарди муслимани во светот. Наспроти седумте македонски фирми на овој пазар излегуваат 10 хрватски, 47 босански, а во Словенија замав зема халал туризмот. Оттука, во Стопанската комора сметаат дека е потребно развивање на балкански халал капацитети. Од познатите компании во регионот халал маркички на своите производи имаат нашиот Алкалоид и хрватските Краш и Подравка.

- Јас како муслиман имам должност да се хранам според халал. Во македонските маркети ретко наоѓам производи со таква маркичка, но поентата не е во тоа. Битно е македонските производители да се сертифицираат за овој стандард, за да можат да извезуваат на голем пазар, каде што имаат шанса да остваруваат профит - вели Дритон Дикена од Исламската верска заедница. Тој додава дека добро е тоа што голем број македонски компании покажале интерес за воведување за овој стандард.

Емилија Тодоровска од телото за сертификација објаснува дека воведувањето на халал стандардот не е голем трошок за компаниите, а самиот процес на сертификација трае до шест месеци.

- Фирмите кои веќе ги имплементирале ИСО и хасап стандардите многу лесно и со малку пари можат да да го добијат и халал сертификатот - вели таа.

Се оценува дека кај нас најголем потенцијал за преземање на халал стандардот имаат прехранбената индустрија, фармацијата и туризмот со оглед на тоа што во нашата држава има многу муслиманско културно наследство.

Голем број од фирмите во САД, Европската унија, посебно Австрија, произведуваат според халал стандардите. Германија дури има определено процент на производи и услуги кои мораат да ја носат маркичката халал.

Името на стандардот произлегува од арапскиот збор "халал", што значи "дозволено", "допуштено" и производите означени со него се разликуваат од оние кои се харам - недозволени. Кога е во прашање храната халал поставува строги правила почнувајќи од изборот на животните, начинот на нивното колење, па до сервирањето. Халал производството исклучително води сметка за заштита на животната средина, а халал исхраната е здрав начин на искрана.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik